Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.
„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“- порачуваат граѓаните од 17-те општини.
Општинските советници од ВМРО-ДПМНЕ, застануваат во одбрана на граѓаните и бараат референдум за изјаснување на граѓаните- „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. Исто така бараат референдумот да се спроведе на 15 октомври, денот кога ќе се одржат и локалните избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера одговарајќи на новинарско прашање истакна дека единствена одбрана и аргумент кој засега ги имаат СДСМ е дека населувањето на мигранти е нереално, а граѓаните поучени од досегашните чекори на новата Влада, аргументирано не веруваат во она што Заев го кажува.
-Зоран Заев и СДСМ зборуваа за многу работи дека се нереални, па испаднаа реални. Зборуваа дека двојазичноста е нереална, еве ја пред врата ни е. Зборуваа дека таа двојазичност е само во мојата глава, а еве гледаме сега како на голема врата ја воведуваат двојазичноста и објаснуваат дека тоа е согласно Уставот иако не е согласно Уставот и свесно одат кон кршење на Уставот. Заев исто така зборуваше дека договорот со Бугарија е еден многу добар, одличен компромис. Гледаме дека таму нема никаков компромис, туку има еднострано попуштање при што Заев и СДСМ се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонското малцинство во Република Бугарија. Зборуваа дека ќе имаме 500 евра просечна плата. Не само што немаме 500 евра просечна плата, туку просечната плата почна да се намалува. Зборуваа еден куп работи со кои се виде дека се што се случува, се случува обратно. Се гледа дека нивниот концепт е на краток рок измама, а потоа како да не го кажале тоа, како да не го рекле и потоа со нови аргументи се оди со реализирање на она за кое претходно говореле дека нема да се реализира, истакна тој.
Груевски потенцираше дека концептот со населување на мигранти, според негово мислење, има целосна оправданост што кај граѓаните се јави револт, страв и се самоорганизираа да направат ситуација во која што ќе ги заштитат своите општини.
-Дури и постапката што ја прави СДСМ преку ДИК, каде го има мнозинството и одлучувачката моќ, и обидот на ДИК која добива наредба од СДСМ да го отстрани гласањето за мигрантите низ општините на денот кога се изборите, укажува дека СДСМ не само што се плаши, туку се плаши дека нивниот веќе договорен со некого концепт може да крахира и дека нема да можат после да го спроведат тоа и да ја испорачаат фактурата некому каде што ја ветиле. Во многу развиени држави, па дури и во Америка, кога се гласаат референдуми често пати се собираат и се ставаат на денот кога има избори за да не се прават дупли, тродупли и така натаму трошоци за организирање. Сосема е нормално и очекувано од страна на граѓаните да не се прават нови трошоци и да се гласа на истиот ден. Но, гледаме дека СДСМ во желба да го оневозможи тоа и во желба да ги донесе мигрантите за да некому му се додвори, не заради мигрантите. Сите ние сочувствуваме со тие мигранти и сакаме да им помогнеме доколку поминуваат како транзит во Македонија, а и тие не сакаат да се задржат во Македонија затоа што бараат земја која што е побогата, ќе им пружи подобри услови, но намерата на Владата за да се додвори некаде е да прими голем број на мигранти, се шпекулира со бројката од над 100.000 луѓе е таква што сосема можам да ја разберам реакцијата на граѓаните, а најмногу можам да разберам тоа што не веруваат во единствениот аргумент кој го кажуваат е дека тоа било нереално, заклучи Груевски.
Велес изгласа референдум
Со 12 гласа „за“ и 8 „воздржани“ Советот на општина Велес одлучи да има референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за изградба на станови за беглаците. Референдумот ќе одржи заедно со локалните избори.
По петчасовна дискусија – советниците од мнозинството, предводено од ВМРО ДМПЕ гласаа ЗА референдум, додека советниците од СДСМ гласаа воздржано.
Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгели