Предраг Лејиќ од Ресник и полицајците Миорад Дејановиќ и Горан Ковачевиќ кои завчера настрадаа откако Предраг ги запалил нив, но и самиот себе, деновиве закрепнуваат од изгорениците. Тие се наоѓаат надвор од животна опасност, а Ковачевиќ вчера е пуштен на домашно лекување.Родителите на Предраг се изненадиле кога слушнале што направил нивниот син.
„Сигурно бил изреволтиран, бидејќи двапати во еден ден му го земаа автомобилот, изјавила мајката Славка Лејиќ.
Таа изјави дека нејзиниот син работи во приватна фирма како заварувач и дека во средата заминал на работа. Кога видела дека тој не се вратил дома по завршувањето на работното време, се загрижила. Но, за инцидентот дознала од вестите.
„Не знам што да ви кажам. Треба да одговара за тоа што го направи. Жал ми е за полицајците, бидејќи тие се само сакаа да му помогнат и на крај настрадале, додава таа за „Курир.рс“.
Славка изјавила дека била во болница да го посети синот, додавајќи дека тој има тешки изгореници по лицето и рацете.
„Синоќа нѐ посети полицијата и изврши претрес во собата на Предраг. Тие се сомневаа дека тој користи дрога, но освен осумте казни за непрописно паркирање, не најдоа ништо друго“.
Го убил соседот, па десет години поминал во затвор
Предраг порано бил осудуван и поминал 10 години во затвор поради убиство.
„Тој го уби соседот во самоодбрана. Кога се случи инцидентот, Предраг немаше ни 18 години“, вели таткото, притоа потсетувајќи се дека соседот со години го малтретирал нивниот син.
„Треба да одговара за својата постапка, но најважно нѝ е да закрепне и да биде добар“, додаде таткото Слободан.Родителите на Предраг се изненадиле кога слушнале што направил нивниот син.
„Сигурно бил изреволтиран, бидејќи двапати во еден ден му