Каде ви е народот?

Владо Јовановски: Каде ви  е народот? „Кога дојде слободата на плоштадот, се печеше вол. Наоколу свиреа мамба, на труби. Малку фалш, ама дрндаа едни свежо поцрнети слухисти во тоа трубите и големите туби. Наоколу илјадници мутирани хомосапиенси, за кои тогаш мислев дека сеуште имаат шанса да се спасат, чекаа во долга редица да апнат од говедското месо. Говеда! Безобзирни говеда гладни за свежо печено говедско месо! Некои чекаа за бут, други за ребро, а трети се лигавеа за воловските мадиња! И така, колку и да звучи чудно, ама на нашиот мал плочтад фештите беа големи! Европа се тресеше од таа наша махагонска страст, природно запечатена во нашите гени. И никој не се прашуваше, кој ќе го плати сето тоа. Немаше банкомати или чекови.. Имаше само воља да се биде најаден, понекогаш збунет и далеку од очите на другите…” Цитат од претставата “Монументи на глупоста” драматизација на Сашо Насев.
П. С. Абе што се случува пред владата на “независна”, “слободна” и модерна Македонија? Случајно поминав од таму околу седум, имаше стотина души чекаа во редица да влезат во дворот. Некој ми рече дека се славело нешто, општа веселба било, некоја народна прослава или празник? Седми септември? Да не е грешка некоја, да не е некоја приватна журка, оти ни народ видов ни бутур. Да не е народот на некое друго место, далеку од очите на јавноста? Ало, што славите? КАДЕ ВИ Е НАРОДОТ?“, пишува Јовановски  во  својот статус.„Кога дојде слободата на плоштадот, се печеше вол. Наоколу свиреа мамба, на труби. Малку фалш, ама дрндаа едни свежо поцрнети слухисти во тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: