Не постои јазик во Европа што е прогласен за службен на државно рамниште, а да се зборува или да се учи произволно, по волја. Државниот јазик е административен, работен и задолжителен јазик и треба да го учат сите граѓани во основно и средно образование, напиша академик Катица Ќулафкова.Вториот и/или третиот јазик се, по правило, службени на локално или регионално рамниште и не ги обврзуваат сите граѓани на државата, туку се наменети да ги задоволат јазичните права на малцинските етнички и јазични заедници. Учењето на вториот јазик е прашање на потреба и културна политика. Држави со хетероген јазичен состав (јазици од различна лингвистичка група) се соочуваат со поголеми проблеми одошто државите во кои јазиците и културите ѝ припаѓаат на блиска традиција.
ЕУ, која ја сметаме за парадигма на цивилизираност, различно го решава ова прашање. Во балтичките држави, на пример, кои имаат мултиетнички општествен состав не се почитува ни Повелбата за регионални или малцински јазици. Во Естонија и Латвија, на пример, руското ’малцинство’ брои 29,6% односно 37%, според последните пописи, иако претходно било далеку поголемо, единствен службен, државен, административен, работен, образовен јазик е естонскиот, односно латвискиот. Европа допушта ваква нерамноправност по однос на јазичните права. За Балканот и да не зборувам. Само Р. Македонија настојува да биде лидер во административната, работната, образовната маргинализација на македонскиот државен јазик. Овој процес се легитимираше со Закон во 2008, за да се преувеличи, до апсурд, во предлог-законот од оваа 2017 година со 2001.
Законот ќе предизвика хаос во постојниот законски систем, ќе се надреди над постојните закони донесени со двотретинско мнозинство (според експертите). Не се почитува ни МИНИМУМ македонски јазичен кодекс (Влада, војска, полиција). Така ќе се доведат во прашање редица стекнати цивилизациски придобивки. Во Охридскиот рамковен договор не се предвидени вакви решенија какви што нуди овој предлог закон. Треба навистина да се чуе и да се почитува мислењето на стручната лингвистичка, правна јавност, а ако треба и да се постави на референдум ваква радикална промена во државата и во општеството“, смета професорката ЌулафковаВториот и/или третиот јазик се, по правило, службени на локално или регионално рамниште и не ги обврзуваат сите граѓани на државата, туку се намене