четврток, 12 ноември 2026
Најново

Драма во Велес! Два дена ја тепал сопругата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во 19 часот се одвивала вистинска драма во Велес, во домот на 45-годишната Б.Ѓ. која била дома со двете деца.Полицијата информира дека на 27. нејзиниот сопруг, 47-годишниот Ѓ.А. ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци во пределот на телото и главата, по што и го зел телефонот и заминал од куќата.
На 28. околу полноќ насилникот се вратил дома и почнал да ја навредува, а во еден момент го зел пиштолот, кој го поседувал со дозвола, ја скршил вратата од собата и почнал да ја удира несреќната жена во пределот на главата, по што истата паднала во бесознание.
Тој продолжил да дивее и го вперил пиштолот во неа и двајцата синови заканувајќи се по нивниот живот, по што заминал од куќата.
Жената била префрлена во Јавната здравствена установа-Велес, каде и биле констатирани телесни повреди. А.Ѓ. е лишен од слобода и задржан во Полицијата во Велес за понатамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.Полицијата информира дека на 27. нејзиниот сопруг, 47-годишниот Ѓ.А. ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци

Поврзани вести