Вчера околу пладне по пријава за обид за кражба во близина на браната Мантово, полицајци од СВР Струмица се обиделе да го запрат возилото „опел фронтера“ со словенечки регистарски таблички управувано од 17-годишно момче.Во возилото биле четири малолетни момчиња. Неофицијално, малолетникот кој го управувал возилото не ја почитувал наредбата на полицајците да запре и побегнал по локален земјен пат во правец на градската капела во Струмица.
По него се упатиле две полициски возила и малолетникот бил принуден да го запре возилото на излезот од Струмица.
Тогаш полициски службеник се упатил кон возилото и, според неговото кажување, кога се приближил до возилото бил нападнат од возачот, по што испукал еден куршум од службеното оружје.
Од куршумот биле повредени малолетниот 17 годишен возач и уште едно 16 годишно момче, кои веднаш биле пренесени во Медицински центар-Струмица, каде од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје.
Поради тежината на повредите, 17 годишното момче е пренесен во Клинички центар во Скопје.
Се преземаат потребните мерки за целосно расчистување на случајот. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопје, велат неофицијалните наши извори од истрагата.Во возилото биле четири малолетни момчиња. Неофицијално, малолетникот кој го управувал возилото не ја почитувал наредбата на полицајците да запре и