ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот Дамјан Манчевски не ги познава законските норми во Македонија поврзани со администрацијата и дека со денешната прес-конференција за вработувања се обидел да ја изманипулира јавноста и граѓаните за, како што наведува, да се скријат масовните партиски вработувања и незаконски разрешувања во изминатите два месеца.– Во врска со 7708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17 октомври лани до денот на формирањето на новата Влада на 31 мај годинава, министерот Дамјан Манчевски лаже на нему својствен и дрзок начин. Вистината е дека во тој период се вработени само 160 лица во државната администрација заради итни и неодложни работи, со што е дозволено и со изборниот законик кој е испочитуван. Со ова уште еднаш се потврди дека Дамјан Манчевски манипулира со бројки кои се далеку од вистината, пишува во соопштението-реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, бројот на вработени во јавниот сектор на денешен датум, согласно опфатот на Законот за вработените во јавниот сектор, е намален за околу 2000 лица во однос на 31 декември 2016 година.
– Очигледно Дамјан Манчевски не прочитал ниту еден закон за јавната администрација. Тоа е резултат на неговата непосветеност и непрофесионализам за професионално водење на администрацијата, што на јавноста и беше потврдено преку масовната партизација и незаконски разрешувања во институциите, реагира ВМРО-ДПМНЕ.– Во врска со 7708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на избори