СЈО делува како продолжена рака на СДС која води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Настапувањето на СЈО исклучиво е политички и во координација со СДС. Главна цел на СЈО е да конструира и монтира случаи единствено против ВМРО-ДПМНЕ со што ќе му помогне на СДС да ја дефокусира јавноста од нивните политики во кои Заев се пазари со највисоките државни и национални интереси, изјави денес Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Павлоски. СЈО за да одработи за СДС се обидуваше со пари да купи и обезбеди лажни изјави во поткрепа на монтираните случаи. Таму каде што не поминуваше поткупот, СЈО се служеше со закани и заплашувања врз лица за да признаат или потврдат нешто што не се случило.
Тоа е така затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи измислени и нарачани од Зоран Заев.
Таргетот на СЈО е само една политичка партија, таргетот се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што остана со народот, единствен бедем за одбрана на државата.
СЈО не смее да се става над законот. Согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Секој нов прогон и тормозење кој СЈО ќе го врши ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност.
СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето преставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон.
Катица Јанева и нејзините соработници може да се чувствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Реалноста не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење.СЈО за да одработи за СДС се обидуваше со пари да купи и обезбеди лажни изјави во поткрепа на монтираните случаи. Таму каде што не поминуваше потку