Тетовци гневни на празните ветувања на локалните власти

Граѓанската иницијатива за чисто Тетово повторно алармира за дивата депонија на влезот во градот иако локалните власти минатата недела откако ја пуштија во употреба претоварната станица за отпад најавија дека паралелно ќе се започне на чистење на дивата депонија, сепак сликата на терен е сосема поинаква.Депонијата се уште е натрупана со купишта смет од каде што се шири неподнослива смрдеа и зараза, а овие топли денови ѓубрето и се запалува.
-Колку вреди зборот на еден градоначалник?, колку вреди зборот на општинските власти? Сликата и миризбата кажуваат се, граѓаните негодуваат, се гушат во неподнослива миризба која сега за време на летните температури е уште поинтензивна. Иронијата е во тоа што и покрај сите молби и жалби од страна на граѓаните општината Тетово како најодговорна институција не презеде никакво адекватно решение.
Од иницијативата велат дека неподносливо е среде лето да се диши одвратната миризба која е штетна и непријатна за сите и не е решение само да се затворат вратите и прозорците од општинските канцеларии, туку да излезат на терен за нештата да станат појасни.
Тетовци инаку веќе се гневни на празните ветувања на локалните власти, најавуваат порадикални мерки и протести, доколку дивата депонија за брзо време не биде целосно исчистена.
Депонијата се уште е натрупана со купишта смет од каде што се шири неподнослива смрдеа и зараза, а овие топли денови ѓубрето и се запалува.

Пронајдете не на следниве мрежи: