Перев: Формирањето на Македонија е локален настан, македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот

Владимир Перев фронтмен за разрешување на бугарското прашање во Македонија и основач на друштвото „Ратко“ формирано за Македонски Бугари на вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека договорот помеѓу Македонија и Бугарија ќе биде потпишан сигурно, а тоа ќе биде  историски успех на македонската држава и на Владата на СДСМ, а личен успех на Зоран Заев.–Кога е формирана македонската држава и јазик на 2-ри Август 1944 година, тоа е локален настан. Илинден 44 е локален настан без никакво меѓународно значење. Тогаш странските шпиони се собрале и пратиле реферати, дури и Британците викаат македонска државност да ама само во рамките на Југославија. Никако поинаку. Јас зборувам македонски јазик, но го сметам за дијалект на бугарскиот јазик, кажа Перев.
Според  Перев, Македонците немаат потврда дека постои македонски идентитет и јазик. Тој смета дека договорот помеѓу Македонија и Бугарија е разумен и дека претставува признавање на  историската вистина, односно дека во Македонија живеат Бугари.
–Кога е формирана македонската држава и јазик на 2-ри Август 1944 година, тоа е локален настан. Илинден 44 е локален настан без никакво меѓун

Пронајдете не на следниве мрежи: