ДУИ годишно трошела 130 илјади евра за ручеци и вечери

Неделникот „Фокус“, кој во јaвноста важи за партиско гласило на СДСМ објавува дека министерството за образование и наука, кое последниве три години е раководено од кадри на ДУИ, ненаменски трошело илјадници евра државни пари. Прашањето кое се поставува во јaвноста е дали на повидок е посериозна криза помеѓу партнерите од владејачката коалиција, откако очигледно е дека односите сé повеќе се заоструваат.„Фокус“ објави дека располага со документите од кои може да се види колку во последните три години биле потрошени народни пари за репрезентација – за службени патувања, за луксузни ручеци, за тајни вечери, за хотели со пет ѕвезди, за такси, за горив Како што тврди „Фокус“ во 2015 година, која министер  беше Абдулаким Адеми, Министерството за образование за репрезентација вкупно потрошило 123 илјади евра.
– Ништо поразлично не поминала ниту наредната 2016 година, со што повторно продолжило луксузирањето на раководните луѓе во ресорното министерство. За цела година на ручеци, вечери во скапи и луксузни ресторани биле потрошени околу 120 илјади евра, пишува „Фокус“. Колку за потсетување, Адеми раководеше со министерството за образование од јуни 2014-та година, до април минатата година, кога Пиштар Лутфиу, исто така од ДУИ продолжи да министерува со овој ресор.
Провладиниот медиум објавува и дека според листата со која располагале, можеле да се видат сите елитни ресторани што за време на своето „владеење“ ги посетувале раководните структури во министерството. На државна сметка се јаделе италијански кашкавали и сирења, бифтеци,  лососи, морски коктели, скапи вина, рибни специјалитети, стек, баклави…. „Фокус“ нагласува и дека  уште покарактеристична е 2017 година, во која уште на почетокот на годината парите наменети за репрезентација речиси се потрошени од страна на последниот министер Љутфиу.
Прашањето кое се поставува во јавноста е дали пука коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ, бидејќи овој текст се појавува во медиум кој е под директна контрола на СДСМ. Дека односите помеѓу владините коалициони партнери сé повеќе се заоструваат може да се забележи од зачестената критичка реторика која претставниците на потесното раководство на СДСМ ја применуваат при своите јавни настапи кон претставниците на ДУИ од претходниот владин состав, кои сега се нивни соработници, а дел од нив продолжија и да раководат со институциите на системот, обвинувајќи ги за несовесно и незаконско работење.
Најновите напади дојдоа од актуелната министерка за образование Рената Дескоска која при вчерашното гостување во дебатна емисија на една национална телевизија, ги обвинуваше поранешните министри од редовите на ДУИ кои неколку години раководат со министерството, дека го запоставиле секторот, работеле противзаконски, склучувале сомнителни договори за набавка на учебници и максимално ги трошеле средствата за репрезентација доделени на институцијата.
Дескоска изјави дека „овој ресор се користел повеќе како ресор за профитирање, отколку како ресор во кој треба да се подигне квалитетот.“
-Во министерството, последните години министрите прво се луксузирале, а потоа ги плаќале сметките за струја, парно и вода во студентските домови, рече Дескоска не алудирајќи на конкретни министерски имиња, иако веќе 4 години со овој ресор раководат кадрите на ДУИ кои се сега коалициони партнери на СДСМ.
Следниот нејзин коментар е дека „најголемата реализација на буџетот за 2017 година до мај месец е ставката за репрезентација, каде се потрошени 114.223 евра. Таму е топ реализација на буџетот, по 22 илјади евра месечно“.„Фокус“ објави&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: