четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДС со ребалансот покажа дека за нив морските плодови и октоподите се поважни од капиталните проекти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сведоци сме на лицемерието на СДС. СДС со ребалансот на буџетот кратат 400 милиони денари од капитални проекти, а зголемуваат над 2 милиони денари во ставката Угостителство, изјави денеска на прес-конференција Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Имајќи во предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на СДС, јасно е зошто ја зголемиле ставката Угостителство во ребалансот за над 2 милиони денари. Очигледно поважна им е храната што самите тие ја јадат, отколку капиталните проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани. Нивната потреба за луксузирање, гозби и ручеци со морски плодови и октоподи, ја отсликува нивната негрижа и незаинтересираност за одговорно водење на државата, рече гаврилов.
Очигледно на Зоран Заев и Пеце Мирчевски поважни им се октоподите и морските плодови отколку капиталните проекти кои се во корист на граѓаните.
-Луксузот и елитизмот, како и негрижата за државата се вечната навика која ја има СДС. Ова веќе граѓаните го имаат видено неколку пати кога на власт биле владите на СДС. Ваквиот начин на недомаќинско работење е само потврда дека ниту имале намера, ниту имаат намера да работат во корист на народот. СДС работат само за нивните лични интереси и лични луксузирања, рече Гаврилов.Имајќи во предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на

Поврзани вести