Грчкото Министерство за надворешни работи го повика државниот министер на германското МНР за Европа Михаел Рот „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.„Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи Михаел Рот да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери“, стои во соопштение на грчкото МНР.
МНР на Грција реагираше поради изјавата на Рот за време на прес-конференцијата со МНР на Македонија Никола Димитров, во која Германецот рече дека „никој надвор од Македонија и Грција не го сфаќа спорот (околу името, н.з.), кој е сосема апсурден“.
Никола Димитров, според извори од МНР, пред тргнувањето во посета на Атина најавувал дека планира да ги шармира Грците и така да им го омекне ставот кон Македонија. Како што може да се забележи, не останале премногу шармирани, ни воодушевени од нашиот МНР, туку виделе добра прилика да ја дигнат цената бидејќи со ваква власт во Македонија, шансите да добијат се што ќе побараат се огромни.
Тоа особено добро го знаат и во Софија и во Тирана.„Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи Михаел Рот да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избег



