четврток, 12 ноември 2026
Најново

Загрижува молкот на надлежните институции после вандалскиот чин во село Љуботен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со секој изминат ден без да се најдат зад решетки, вандалите се чувствуваат похрабри и мотивирани да го повторат делото. Загрижува молкот на надлежните институции после вандалскиот чин во село Љуботен кога беа сквернавени и уништени 30-тина православни гробишта во ова село, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Овој срамен чин внесува немир и подгрева тензии. Затоа е неопходно брза и ефикасна реакција на органите на државата. Оливер Спасовски и Министерсвото за внатрешни работи имаат одговорност да работат 24 часа и итно да ги пронајдат сторителите. Секое неоправдано одолговлекување на истрагата од страна на МВР отвора сомнеж дека ваквото дело било направено свесно со и цел да се предизвика страв и нервоза помеѓу населението, за да се протуркаат некои сериозни политички потези на новата власт, изјави Коце Тапшановски.
Граѓаните, додаде Тапшановски, сакаат да знаат кому му пречат православните гробишта во Љуботен и очекуваат вандалите и нивните наредбодавачи да одговараат.
 
Овој срамен чин внесува немир и подгрева тензии. Затоа е неопходно брза и ефикасна реакција на органите на државата. Оливер Спасовски и Министерсво

Поврзани вести