560 градежни работници остануваат на улица без работа

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите каде се анализира работата на старата и проектите кои минатата ги направи. Денеска на панел дискусија „ВМРО-ДПМНЕ градеше автопати, а СДСМ ги стопира“ говореше и пратеничката Лилјана Затуроска. Таа кажа дека после 50-60 конечно со инфраструктурна инвестиција ќе се поврзат Маврово-Дебар-Струга, делови кои според неа ќе бидат интересни за туристите, но поради инфраструктурните проблеми не можеле таму да одат.Таа кажа дека стопирањето на градбата на автопатот Кичево-Охрид е поради не знаењето на СДСМ како да се направи некој капитален инфраструктурен проект. Таа се осврна и на програмата на СДСМ, каде кажа дека најголем дел од проектите се украдени од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од 68 инфраструктурни проекти во нивната програма, 57 се препишани од ВМРО-ДПМНЕ, 11 ги нема во нашата програма, меѓутоа ако се анализираат ќе се види реално дека тие не може да се изведат, заради одредени финансиски и други технички работи кои што се појавуваат, изјави Затуроска.
Таа говореше и конкретно за автопатот, таа кажа дека се искористила помошта која Кина ја давала во овој регион, не само на Македонија туку и на Србија и другите земји, и се почнало со градба на автопати
-Пратениците на СДСМ во Собранието ги поддржуваа овие капитални, исклучително важни проекти кои што се за граѓаните на Република Македонија, а сега лицемерно да бидат така оспорувани од нивна страна. Тоа значи дека 560 градежници кои работеа на автопатот Кичево-Охрид сега се на улица, не добиваат плата, не добиваат допринос и се буквално на улицаТаа кажа дека стопирањето на градбата на автопатот Кичево-Охрид е поради не знаењето на СДСМ како да се направи некој капитален инфраструктурен про

Пронајдете не на следниве мрежи: