Не се огласија со извинувања, ниту владата ниту заменик министер господинот Јани Макрадули од редовите на СДСМ кој што поддржува навреди упатени кон Турција и турскиот народ на социјалните мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.И ова не е прв пат, речиси една година од обидот за државен удар во Турција кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши. Се случи тој немил настан во кој згаснаа 290 човечки животи. И повеќе од 1.400 луѓе беа повредени.
Која неморалност, која неодговорност да ставиш слика од овој настан и да напишеш дека сакаш ова да се случи и кај нас.
Ова го правеа луѓето, структурите од СДСМ. Луѓе како Ивор Мицковски, како Лидија Димовска и многу други.
СДСМ заборава, Турција е пријателска земја, таа го почитува нашиот суверенитет и го признава идентитетот на македонскиот народ.И ова не е прв пат, речиси една година од обидот за државен удар во Турција кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши.