ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ.Не престануваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија. Во своите настапите еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција, изјави денеска пред МНР пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.
-Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ, а досега гледаме само молк и замижување кое уште повеќе ги стимулира ретроградните структури кои го негираат постоењето на македонскиот народ. Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, рече Илиоски.
Тој нагласи дека Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции.
-Зоран Заев во текот на целиот изборен период ветуваше дека ќе има експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно прашање за државата, за сега да гледаме дека нема ни Д од дебата. СДС во целосно нетранспарентен процес го преговара договорот со Бугарија без да ги запознае и ја крие неговата содржина далеку од очите на јавноста. Ваквото однесување на Заев е директно охрабрување на некои кругови во Бугарија. Зоран Заев има обврска да ги информира граѓаните што договорил во Софија. ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ, рече Илиоски.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ.Не престануваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија. Во своите настапите еден европратеник