четврток, 12 ноември 2026
Најново

Околу 200 пријави за штети од серијата земјотреси во Охридско

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Околу 200 пријави за штети од серијата земјотреси во охридско-преспанското подрачје имало во текот на денешниот и вчерашниот ден на телефонскиот број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195.Најчесто пријавувани штети има за срушени оџаци, напукнати и изместени преградни ѕидови и други површински оштетувања кои настанале од паднати предмети.
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска е одржана вонредна седница на Регионалниот штаб за управување со кризи во Охрид на која е донесена одлука да се продолжи со проверка на објектите во однос на конструктивната сигурност, да се даваат насоки и упатства за постапување на граѓаните при вакви ситуации, да се посетат локациите на кои самоиницијативно се сместени граѓани во шатори и да се извршат дополнителни контроли на исправноста на водата за пиење во епицентралните подрачја.
– Апелираме до граѓаните да останат смирени и присебни, да не се создава паника која би предизвикала деструктивно однесување од поединци, да не се подлегнува на гласини и шпекулации за евентуална евакуација и да се следат препораките и насоките дадени од надлежните институции, велат од РЦУК.
За какви било дополнителни информации, граѓаните можат да се јават на бесплатните телефонски броеви на ЦУК – 195 и полиција – 192.
За утре е закажана седница на Главниот штаб во Центарот за управување со кризи, на која ќе се расправа за моменталната состојба со серијата земјотреси и ќе се донесат заклучоци за натамошно делување.
 Најчесто пријавувани штети има за срушени оџаци, напукнати и изместени преградни ѕидови и други површински оштетувања кои настанале од паднати пред

Поврзани вести