Девет илјади настаници со еден колективен договор кој беше потпишан од Министерството и Синдикатот (СОНК) го решија својот работен статус, добија решенија на неопределно време.Ова на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во образованието“ го изјави пратеникот Драган Данев.
-ВМРО-ДПМНЕ на три пати ја зголеми платата на наставниците, за разлика од нашиот политички опонент кој имаше простор, кој имаше начин, на неколку пати, или баререм еднаш, но тоа никогаш не го направи, истакна Данев.
Додаде дека веднаш по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ во 2007. година ги зголеми платите на наставниците за 10 отсто, а за само една години потоа повторно за уште 10 проценти, додека третото зголемување беше во 2014. година во висина од 4 отсто.
-Секогаш кога се има можност, ВМРО-ДПМНЕ има желба има и начини и остварува едно зголемување на платите на наставниците, што исто така, во голема мера влијае на мотивираноста на наставниците во воспитно-образовниот процес. Јас се надевам дека СДСМ која во моментот е владејачка гарнитура заедно со целата коалиција ќе соберат и храброст, ќе имаат енергира и желба пред се и капацитетност да го решаваат во континуитет овој проблем кај наставниците. Односно во неколку наврати ќе го зголемат личниот доход, односно платите на наставниците, потенцира Данев.
Истакна дека наставниците немале таков благодет од СДСМ.
Данев појасни и дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи многу труд и енергија, но и издвои и големи парични средства за воведување на Кембриџ наставните програми, кои како што вели, се навистина на високо европско и светско ниво.
-Со него се прават услови за подобар развој на учениците. Се одвоија средства и имаше голема желба овие програми да бидат инкорпорирани во образовниот систем. Актуелната власт ги проблематизира овие систем и учебници, потенцира Данев.
Појасни дека при имплементацијата на наставните програми на Кембриџ можеби имало пропусти, но оти тие ги даваат саканите резултати.
Данев се надева дека СДСМ ќе ги имплементира овие програми и во средното образование.Ова на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во образованието&



