Пет години како директор на клиниката за Онкологија и радиотерапија единствена цел ни беше што подобро и поквалитетно заедницата да дојде до својата услуга. Ако во 2012 на годишно ниво испорачувавме некаде околу 250 илјади услуги на годишно ниво, во 2016 година според податоците од мој термин сме испорачале 607 илјади услуги, ова денеска на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здравството“ , организирана од ВМРО-ДПМНЕ го изјави Милан Ристески.-Онкологија е многу подинамична категорија како и радиотерапијата апсолутно, за жал ние не можевме да очекуваме дека со тек на годините нашиот обем на работа ќе се намали, за жал никаде во светот тоа не се случи и баш напротив полега таа се зголемуваше и според податоците на мој термин преваленцата на малигните болести на така наречената Ц дијагноза во моментов во Македонија изнесува некаде околу 45 илјади живи пациенти, тоа е огромна бројка со која ние колегите од Хематологија и од детска онкологија се соочуваме секој ден, истакна Ристески.
Тој потенцираше и дека во оваа насока јасно било кои се следните чекори, па така од 9 амбуланти во 2012 биле направени 22 амбуланти.
-Имаме лекари кои во еден ден имаат и во просек над 50 прегледи што е навистина многу, а каде и да отидете во светот и да кажете дека специјалист онколог имал 50 пациенти сите велат само браво. Ние исто така се освеживме со нов кадар и седум нови специјализанти, а за жал и голем дел заминаа и во пензија, вели Ристески.
Тој истакна и дека во доменот на радио терапијата купено е нов катесимулатор и заменет е стариот од 2004-та година и тој апарат овозможува правење на посложени радиотехники, исто така инсталирано е нов акцелератор, а во завршна фаза се бункерите во Битола и Штип.-Онкологија е многу подинамична категорија како и радиотерапијата апсолутно, за жал ние не можевме да очекуваме дека со тек на годините нашиот обем