Ги повикувам колегите историчари и научните институции јавно да се произнесат со одобрување или осуда, а врз основа на фактите без оглед дали има или нема договор. Особено што сега “дојде живот”, “дојде слобода”, а секое вакво молчење го сметам како страв од новата власт, напиша на Фејсбук пратеникот Зекир Рамчиловиќ.Посетата на премиерот Зоран Заев на Република Бугарија отвори многу контроверзи и дилеми.
Повторно, нетранспарентноста е главната причина за тоа. Едно зборуваат бугарските претставници од власта, друго нашите владини претставници. Бугарските историчари со воодушевување се сложуваат со постапките на нивните претставници од власта додека нашите историчари молчат.
Да, кажуваат, немаме за што да се произнесеме.
Јас како историчар мислам дека имаме, не ни треба никаков договор за јавно да кажеме што значи за нас Цар Самоил, Илинденско востание…
Народот знае, знаат потомците на сите загинати, на хероите или на жртвите за што нивните предци ги дале своите животи. Тоа ми е совршено јасно, и ние Бошњаците имаме слична судбина на овие балкански простори. Но, како пратеник во Собрание доколку продолжам понатаму ќе бидам оквалификуван како политички пристрасен и мотивиран. Од тие причини ги повикувам колегите историчари и научните институции јавно да се произнесат со одобрување или осуда, а врз основа на фактите без оглед дали има или нема договор. Особено што сега “дојде живот”, “дојде слобода”, а секое вакво молчење го сметам како страв од новата власт.
Се обидов, но ситуацијата е сериозна, не можам да молчам додека кај нас некој сака да ги релативизира состојбите кои претставуваат основа на нашиот идентитет и постоење.
Посетата на премиерот Зоран Заев на Република Бугарија отвори многу контроверзи и дилеми.
Повторно, нетранспарентноста е главната причина з