Во врска со вашите предлози за заменици министри, тоа е веќе видено и граѓаните на Република Македонија реагираат и констатираат дека тоа се веќе апсолвирани ликови кои што треба да бидат нови заменици министри во вашиот владин состав. Како што велат граѓаните, тој што нема каде, може да биде потпретседател на СДС или пак заменик министер во владата на СДС“, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев со обрати до премиерот Зоран Заев во врска со листата на предложени заменици министри во новата влада.
Тој се осврна и конкретно на еден од кандидатите, поради како што кажа тој, неговото учество во процесот на приватизација на општествениот капитал во кој илјадници граѓаните останаа на улица и се затворја голем број фабрики.
„Еден пример за тоа од кои принципи сте се воделе кога ги предлагате замениците министри е примерот со CV-то на кандидатот за заменик министер за економија Кире Наумов каде тој вели дека во 96-ма и 97-ма година бил ангажиран во Агенцијата за трансформација на општествениот капитал. Ако тоа е дел од едно CV кое што треба да биде предзнак за предлог за заменик министер токму за економија, мислам дека не смеело да биде принцип и критериум за кандидирање на ваков кандидат“, заврши Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со вашите предлози за заменици министри, тоа е веќе видено и граѓаните на Република Македонија реагираат и констатираат дека тоа се веќе а