Голготата на земјоделците продолжува. Праските скапуваат, откуп нема, а новата влада е глува за нивниот проблем. Ваквата ситуација ги натера утринава да го блокираат регионалниот пат Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман.Денеска го блокираме патот бидејќи имаме сериозни проблеми со пласманот на праската. Праската не можеме да ја продадеме, Русите ни воспоставија огромни критериуми. Имаме огромни количини на праски, купци нема и не знаеме што да правиме… Бараме да дојде тука министерот, претставници од новата влада да седнеме да разговараме. Ова сега е предупредувачки штрајк, ако треба и ќе го радикализираме протестот, истакна Игор Милошевиќ од Здружение на овоштари од Росоман.
Имаме многу големи проблеми, велат земјоделците и додаваат дека вакво нешто не се памети до сега.
Поддршка на овоштарите денеска им даде и градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов.
-Луѓето од Росоман и од околината навистина се соочуваат со еден страшен проблем на рекордно ниска откупна цена. Никогаш после 2005 година која ја памтиме како најкатастрофална кога беа 3 денари праските, сега се уште пониска од тоа- 2,5 денари за килограм. 50 денари се продава цела гајба со праски, а само гајбата е 25 денари. Ова не запаметно во историјата на овоштарството и навистина мислам дека треба да се превземат мерки. Новиот премиер и ресорното министерство со своја изјава вчера се јави дека ќе инвестира во ладилници, но нас не ни требаат ладилници во овој момент, нас ни треба интервентно решавање на оваа страшна криза што ги зафати земјоделците.
Градоначалникот ја повика владата веднаш да го реши овој проблем.
-Да ги најде партнерите кои ги донесоа на власт, Европската Унија и поддржувачите на НАТО, бидејќи ние земјоделците препознаваме дека нешто се случува зошто критериумите и квалитетот на праските е истиот, а се бараат некои поголеми критериуми кои не може да се исполнат максимално и заради таа побараност на критериумите ние не можеме да извезуваме. Се гледа дека е нешто намерно блокирано. Повикуваме Владата да не размислува да прави ладилници сега туку да го реши проблемот веднаш, додаде Лазов.
Земјоделците најавуваат дека доколку не се реши нивниот проблем, блокадите на патиштата ќе продолжат и ќе траат се до конечно исполнување на барањата.
Денеска го блокираме патот бидејќи имаме сериозни проблеми со пласманот на праската. Праската не можеме да ја продадеме, Русите ни воспоставија огр