Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.На средбата се разговараше за актуелните предизвици, моменталната политичка состојба и европските интеграции на Република Македонија. Груевски посочи дека членството во Европската Унија преставува стратешки интерес за државата, како и исполнувањето на високите критериуми потребни за напредок на интеграциските процеси, информираат од партијата.
Тој истакнал и дека државата премногу долго е надвор од европските процеси, и е потребно заложба за валоризирање на досегашните реформи, напори и достигнувања кои се направени на планот на интеграциите.
-Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивна улога во евроинтеграцискиот процес, дека ќе ги подржува понатамошните реформи кои се важни за членството во ЕУ, но и ќе внимава под плаштот на реформите СДСМ да не се обиде да протне решенија кои не се добри за државата и граѓаните од било кој аспект. ВМРО-ДПМНЕ посочи и на растечката тенденција за целосна партизација на медиумскиот сектор по доаѓањето на власт на СДСМ, преку политичко судски прогони и заплашувања, притисоци преку СЈО и други форми на втерување страв и цензура или автоцензура на сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите, стои во партиското соопштение.На средбата се разговараше за актуелните предизвици, моменталната политичка состојба и европските интеграции на Република Македонија. Груевски посо



