четврток, 12 ноември 2026
Најново

Граѓаните не можат да очекуваат проекти во културата од министер кој не знае каде е роден Војдан Чернодрински

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Граѓаните не може да очекуваат реализација на проекти од областа на културата од министер кој нема расчистено до сега каде е роден Војдан Чернодрински, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.Водејќи се по девизата на Еразмо Ротердамски која вели Најсреќен е оној што ништо не знае, мораме да им признаеме на новата влада на СДС дека тие се најсреќните луѓе на светот.
Зоран Заев успеа да ги собере најнеподобните кадровски решенија на едно место.
Поминаа 10тина дена, а новиот министер за култура сеуште не се извини за елементарното непознавање на личностите кои се икони на македонската култура, како што беше случајот со Војдан Чернодрински.
Да си министер за култура и да не знаеш во кој град, односно место е роден деец како Војдан Чернодрински е сериозно непознавање на културата во Република Македонија.
Дури и децата од основно училиште знаат каде е роден.
Почитуван министре,
Прилеп се гордее што го има фестивалот на театарот Војдан Чернодрински, но мора да ве разочараме дека Чернодрински е од местото Селци од Струга.
Граѓаните не може да очекуваат реализација на проекти од областа на културата од министер кој нема расчистено до сега каде е роден Војдан Чернодрински.
ВМРО-ДПМНЕ грижејќи се за темелите на нашата држава кои произлегуваат од културното наследство кое го негуваме изминатиот период реализираше бројни проекти.
Реконструирана сала во Центарот за култура Марко Цепенков, Реновирана голема Читална во Борка Талески, конзервација и реставрација на саат кулата и куќата на Бектешовци, Реконструирање на Трескавец, пуштено е во употреба новото кино Мис Стон, изградени спомен обележја на многу видни личности за Прилеп. Сето ова се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи за прилепчани.
Почитувани,
Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата. Граѓаните очекуваат да им ги исполните ветувањата кои им ги дадовте. А, ние ќе ве потсетуваме цело време на нив.
 
Водејќи се по девизата на Еразмо Ротердамски која вели Најсреќен е оној што ништо не знае, мораме да им признаеме на новата влада на СДС дека тие с

Поврзани вести