СДСМ и Зоран Заев со стари и истрошени кадри ќе бараат нова поддршка

СДСМ и Зоран Заев со стари и истрошени кадри ќе бараат нова поддршка од граѓаните. Централниот одбор на партијата вчера ги комплетираше органите на партијата во кои се најдоа исти кадри кои со години веќе се во СДСМ.За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ и нов министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Манчевски и Фросина Ременски.
За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.
За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор меѓу другите ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Хари Локвенец, Аднан Џаферовски.
Сите овие се стари и компромитирани кадри со кои Заев и СДСМ ќе бараат нова поддршка. Според имињата, СДСМ е далеку од тоа што го претставува, затоа што јасно се гледа дека и овој пат од Бихаќка нудат стари и компромитирани кадри, а зад дел од нив се провлекуваат сериозни афери.За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ и нов министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири,

Пронајдете не на следниве мрежи: