ВОДАТА ЌЕ ГО ОТКРИЕ БОГАТСТВОТО НА ЦАР МАКЕДОН ВО МАКЕДОНИЈА – ПОРОШТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НОТРАДАМУС

Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години.
Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово, а порталот „Аберџија“ ексклузивно објавува дел од нив.

1. Железни кола ќе летат на небото (н.з. авиони и хеликоптери)
Волови ќе се исколат, рала ќе се изгорат (ги најавил тракторите)
Орли, чавки и соколи ќе измреат (овие птици се се поретки заради масовниот лов)
Дрва и жито ќе се продаваат у торба (ја предвидел појавата на амбалажата)
Срам ќе се изгубе (најавил времиња на неморал, порнографија, криминал)
Светот ќе се гледа на стакло (предвидел појава на телевизија)
Брат со брат ќе збори од еден крај на светот со друг крај на светот (телефонија)
Македонија ќе се обедине (чекаме на остварување на ова пророштво, можеби кога ќе влеземе во ЕУ)
Русокосо момче Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек (хирургот Жан Митрев)
Народ ќе иде у град радосан да живее, а ќе се враќа у село и ќе вика „мое мило вратиче“ (миграцијата во 70-тите и враќањето назад денес)
Врата сама ќе ти се отвара кога ќе идеш да пазаруеш (модерните врати со сензори)
Ќе дојде време пари да имаш, а леб да не можеш да купеш (недостиг на храна во блиска иднина)
Од воденици ни камен нема да остане (појава на модерни млинови)
Цоцев камен е шуплив откај реката и врата кога ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворет, туку голема вода и ќе се открие што е оставил цар Македон (пророштво кое сеуште не е потврдено дека Цоцев Камен крие огромно богатство)

Црквата светијованска во Коњу ќе биде прочуена, а моето име вечно ќе се спомнува.
Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се

Пронајдете не на следниве мрежи: