Ромски невладини огранизации, активисти и интелектуалци преку отворено писмо ги изразија нивното незадоволство до премиерот Зоран Заев, затоа што меѓу предложените заменици-министри нема ниту еден припадник на ромската заедница.„Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот Зоран Заев за распределба на заменици министри, бидејќи помеѓу именуваните заменици министри не е предложен ниту еден припадник на ромската заедница. Сметаме дека ваквата одлука директно ја доведува во прашање заложбата на оваа Влада за интеграцијата на Ромската заедница во општеството и особено пристапот на институциите и можноста на нас Ромите директно да учествуваме во одлучувачките процеси, и нашиот придонес во развојот на демократијата во нашата земја.
Иако оваа Влада отворено за време на кампањата искажа заложби за унапредување на состојбата на Ромите во Македонија, и поради тоа доби силна поддршка од страна на Ромската заедница, во пракса именувањето на само еден Министер без Ресор во Владата на Република Македонија креира чувство кај Ромската заедница дека состојбата на Ромите во Република Македонија се уназадува односно влошува. Овој потег веќе предизвикува реакции кај граѓаните од ромската заедница, и ќе кулминира во пресрет на локалните избори оваа есен.
Бараме претседателот на новата Влада да ја преиспита својата одлука по однос на распределбата на функциите во државата. Се надеваме дека во предвидените планови за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидува назначување на Роми/ки на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите во Република Македонија. Очекуваме дека и нашите претставници во извршната власт и законодавна власт – Пратеникот Курто Дудуш и Министерот без ресор Самка Ибраимовски да реагираат на ваквата одлука и јавно да ги застапат интересите на Ромите пред институциите.
Партиципативниот пристап за решавање на горчливите проблеми со кои се соочуваат Ромите подразбира и консултација со здруженијата на граѓани, активисти и интелектуалци од Ромската заедница, како и наименување на Роми/ ки на раководни места во рамките на новата Влада. За таа цел, здруженијата на граѓани бараат средба со Ромските претставници од извршната власт како и премиерот Зоран Заев да ја образложат својатаа одлука за не-именување на Ром како заменик министер.
Веруваме дека искрениот дијалог и учество на сите заедници во одлучувачките процеси се приоритет на новата Влада.
Реакција на Ромските НВО и активисти по однос на именување на заменици министри во Владата на Република Македонија
„Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот