Аматерските обиди на СДСМ да го пере срамот од својата дволичност очекувано наидоа на потсмев на социјалните мрежи. Владиниот мерцедес за превоз на високи странски делегации на СДСМ и активистите на Сорос пред изборите им служеше како предмет за пропаганда против старата власт.После изборите Заев призна дека вакво возило и’ е потребно на Република Македонија и покрај тоа што се обиде да ја изрелативизира сопствената дволичност. Заев се обидуваше меѓу редови да каже дека поради тоа што бил лошо чуван мерцедесот ја загубил вредноста од 570.000 евра и сега можел да биде продаден „само за 400.000 евра“ со што ќе сме загубеле многу пари – па затоа ќе го задржел.
Како дополна на овие трагикомични испади на лицемерието на Заев, министерот за внатрешни работи на денешната прес-конференција која наликуваше на скеч од Монти Пајтон го покажа неспраниот мерцедес на чија каросерија се гледаа калливи траги од шепи на мачка, обидувајќи се така да ја поткрепи тезата на својот шеф дека мачката која се прошетала во гаражата на МВР му ја симнала цената на мерцедесот за 170.000 евра.
Оваа епизода од ивицата на здравиот разум која ја режираше СДСМ не помина незабележана и на социјалните мрежи, каде корисниците се потсмеваа со лицемерието на новата власт.
После изборите Заев призна дека вакво возило и’ е потребно на Република Македонија и покрај тоа што се обиде да ја изрелативизира сопствената