Нестабилно време со пороен дожд и грмежи вчера беа зафатени охридско-преспанскиот регион, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а подоцна нестабилно беше во скопската котлина особено во источниот дел. Од нестабилност во форма на посилно невреме околу 22 часот беа зафатени Велес и Свети Николе, а потоа оваа маса се преместуваше кон кумановско-липковскиот регион и во доцните ноќни часови кон североисточниот дел од земјава. Кон раните утрински часови нестабилно беше во источните делови, а утрово локален пороен дожд со грмежи имаше околу Радовиш и Валандово.Најмногу дожд е наврнат во Виница 29 литри на метар квадратен, Битола 20, Куманово 13, Крива Паланка 9, Скопје – Зајчев Рид 6, Скопје – Петровец 4, Претор 4 и Пожаране и Ѓуриште 1 литар на метар квадратен.
Во поголем дел од земјава времето е облачно, поведро е во крајните западни делови, а започна да дува засилен северен ветер.
Претпладне времето е променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максимална температура ќе се движи од 22 до 29 степени.
Претпладне времето е променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи до 25 степени.
Утре и во сабота времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. Преодно наоблачување со слаб дожд, но со засилен северен ветер и благ пад на дневната температура ќе има во недела.Најмногу дожд е наврнат во Виница 29 литри на метар квадратен, Битола 20, Куманово 13, Крива Паланка 9, Скопје – Зајчев Рид 6, Скопје –