Со минута молк Британците денеска ќе им оддадат почит на жртвите од најновиот терористички напад во Лондон, на само два дена пред вонредните парламентарни избори, додека многумина поставуваат прашања во врска со напаѓачот за кој се покажа дека и бил познат на британската служба за безбедност МИ5.
Со спуштени знамиња на половина копје низ цела Велика Британија, минутата молк ќе почне во 11 часот по локално време во знак на сеќавање на седуммината убиени лица и десетината ранети во нападот изведен во центарот на Лондон во ноќта меѓу саботата и неделата, пренесуваат француските медиуми.
Граѓаните на Лондон повторно изразија пркос пред тероризмот, на помалку од три месеци откако во претходен напад други пет лица беа убиени пред британскиот Парламент.
– На болните и зли екстремисти кои прават вакви гнасни злосторства, им порачуваме: Ние ќе ве победиме. Нема вие да не победиме, рече градоначалникот на британската престолнина Садик Кан во текот на вчерашноот бдеење.
Полицијата вчера ги соопшти имињата на двајца од тројцата напаѓачи, а станува збор за Хурам Шазад Буту, кој им бил познат на полицијата и на МИ5, и Рашид Редуан, потсетуваат француските медиуми.
Со спуштени знамиња на половина копје низ цела Велика Британија, минутата молк ќе почне во 11 часот по локално време во знак на сеќавање на седумми



