Утре во Македонија ќе пристигнат 15 словачки полицајци кои ќе ги заменат своите колеги на македонско -грчката граница кај Гевгелија. Ова е осма ротација на припадници на полицијата на Република Словачка.
Единица од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Гевгелија, стои во соопштението од Амбасадата на Република Словачка.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Република Словачка од март 2016-та година испрати во земјата вкупно 190 полициски службеници.
Единица од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел пр