Некрофилните кампањи на СДСМ и директни инспиратори на обидот за убиство на Тодоров

Црната кампања која против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров ја водеше опозицијата резултираше со обид за негова физичка ликвидација. Околу пладне, човек со пиштол во рака се обидел да го убие Тодоров на влезот од министерството за здравство. Лицето, за кое се шпекулира дека било во роднинска врска со починатото девојче Тамара Димовска од Велес било совладано од обезбедувањето и не успеало во својата намера.

Токму смртниот случај на малата Тамара беше едно од главните оружја на СДСМ и нивните невладини пајташи во црната кампања која ја водеа против Тодоров односно ВМРО-ДПМНЕ. Карактеристиките на оваа кампања беа да се злоупотребуваат сите можни случаи на смрт и за тоа да се обвинуваат Тодоров и другите функционери од владеачката коалиција. Покрај Тамара, ваквите некрофилски тактики на СДСМ и шарените граѓани беа злоупотребувани и во случајот на Мартин Нешковски, случајот Диво Насеље, Смиљковско езеро, со манипулирањето на бројот на новороденчиња кои починуваат и секоја друга прилика која некрофилите од опозицијата ќе ја сметаат за соодветна.
Иако во случајот Мартин Нешковски убиецот беше осуден на максимална казна затвор, опозицијата „од уста не го извади“ момчето кое беше убиено на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година, до последен момент обидувајќи се да ја набедува власта дека е директно одговорна за неговата смрт.
 
 

Во случајот со бројот на починати новороденчиња, опозицијата ја користеше секоја можна прилика за да го напаѓа Тодоров, иако во време на неговото минситерување, смртноста кај доенчињата падна од 13 на 8 промили, со тенденција да се смалува уште повеќе. Но, за опозицијата не е важна вистината туку контекстот – а контекстот кој го создаваа е дека поради Тодоров, а не поради болести, родителска негрижа или одлуки на други тела умираат деца во Македонија.
Диво Насеље и Смиљковско езеро беа случаи во кои медиумите блиски до опозицијата кога уште не беа изладени телата на трагично загинатите започна да шпекулира дека се работи повторно за случаи во кои власта вмешала раце – исто како што опозицијата шпекулираше во случајот на Никола Младенов. Целта на ваквите тактики е да се создаде дилема кај граѓаните преку груби емоционални манипулации.
 
 

Токму затоа и новиот премиер на Македонија Зоран Заев за време на класичните манипулативни претстави т.н. „бомби“ многу често најавуваше дека „ќе ја дознаеме вистината за Младенов / Смиљковско / Диво насеље“ со цел да создаде дилема дека и во овие случаи за смртта на децата кај Смиљковско, полицајците кај Диво Насеље и Младенов е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добро ги паметат случаите кога за време на протестите на шарената револуција и СДСМ, на полицајците им беше порачувано: „Куманово пак да ви се деси“ бидејќи ја бранеле власта која според верзијата на СДСМ е одговорна за настаните во диво насеље.
За таа цел СДСМ дури и во својата изборна кампања имаше спотови со погребите поврзани со овие настани, а нивните невладини шарени платеници редовно ги нарекувале функционерите на ВМРО-ДПМНЕ убијци токму врз основ на оваа создадена перцепција – дилема кај граѓаните под директна контрола на СДСМ.
Наместо да размислат дека можат да придонесат кон вакви ситуации со својот некрофилизам и црни кампањи кон политичките противници, СДСМ и шарените платеници безмислосно ги таргетираа поединците кои ги сметаа за највлијателни кај противникот и ги ставаа на тапет како убијци, крадци, уништувачи, бркачи на младите, одземачи на живот во Македонија. За време на шарените протести на СДСМ, организаторите на истите јавно бараа и смрт со бесење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, токму врз перцепцијата/обвиненијата кои кон нив цело време во црните кампањи ги пласираше СДСМ.
Само среќата и Вишата сила се причината поради која денес со пиштол не беше убиен Никола Тодоров, откако беше пукано во него од страна на човек кој или не останал имун на црната кампања на СДСМ или е дел од поголема организација која на ваков начин решила да се пресметува со политичките противници.
 Лицето, за кое се шпекулира дека било во роднинска врска со починатото девојче Тамара Димовска од Велес било совладано од обезбедувањето и не успеа

Пронајдете не на следниве мрежи: