четврток, 12 ноември 2026
Најново

Изгласана Одлуката за основање на постојани работни тела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратениците на денешната трета собраниска седница ја изгласаа Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.За Одлуката, која беше поднесена од пратениците од Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски, гласаа 98 пратеници, воздржани и против немаше.
Претходно беше завршена конститутивната собраниска седница на која беа избрани претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.
За денеска напладне е закажано продолжението на втората седница на Парламентот на која треба да се избере новата влада на Република Македонија.
Седницата за избор на новата влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.
Во новата влада, според предлог-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.За Одлуката, која беше поднесена од пратениците од Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски, гласаа 98 пратеници, воздржани и против н

Поврзани вести