четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ке се собира кабест отпад во општина Кисела Вода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Акција за собирање кабаст отпад на територијата на Кисела Вода од 7 до 11 часот ќе спроведат денеска и утре ЈП „Комунална хигиена” и општината преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита.Акцијата пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот, денеска ќе се спроведе во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, 11 Октомври бараки, „Бобан Трпков”- населба Драчево, месните заедници Пинтија, село Драчево, Усјe и Градинар, Припор – локација (ул.„Христо Татарчев“ – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24).
Утре акцијата ќе се спроведе во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и зградите во 11 Октомври.
Од општината ги повикуваат граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што тој нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена”.Акцијата пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот, денеска ќе се спроведе во урбаните

Поврзани вести