Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.„Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, за земјата конечно да може да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање влада посветена на спроведување на сите делови од Договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети“, се наведува во заедничката писмена изјава на Могерини и Хан.
Тие ги повикуваат сите парламентарни партии да ги стават поделбите настрана и заеднички да работат на реформската агенда за земјата да се врати на патот на евроатлантските интеграции. Могерини и Хан изразуваат подготвеност да ги поддржат реформите напори на новата влада.„Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, за земјата конечно да може да излезе од политичката криза. Сега очекувам