Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во 2006 година во Македонија изградени се нови 74 училишта, а реконструирани над 400, вкупната инвестиција е повеќе од 50 милиони евра, соопшти денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Нови училишта се изградија во голем број во Македонија, досега 74 нови училишта од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 ја презема Владата. Значи изградени се 74 нови училишта, реконструирани се над 400. Инвестирани се за сето тоа повеќе од 50 милиони евра. Годинава планирани се 4 нови и за нив веќе е завршен тендерот, за три е завршен е тендерот, потпишан е договор и во наредните денови ќе започне градбата на три нови училишта, а за недела –две од сега, ќе се потпише и договор за четвртото училиште што е планирано за оваа година, да се изгради ново. Значи четири нови училишта за три е веќе потпишан договор, обезбедени пари, а за едно училиште претпоставувам во наредните недела дена до 15 дена треба да се потпише договорот и на тоа училиште да се започне со градба, изјави Груевски.
Тој кажа дека годинави некаде започнати, некаде ќе започнат во текот на летото, реконструкции на уште 26 училишта. Инаку, планот веќе се реализира односно три училишта се завршени, станува збор за ОУ Маршал Тито во струмичко Муртино, СОУ Ибрахим Темо во Струга и ОУ Кирил и Методиј во Велес.
-Исто така годинава во план се, некаде веќе започнато, некаде во текот на летото, реконструкции на 26 училишта, темелни реконструкции. Парите се обезбедени во буџетот, тендерите се започнати, во најголем дел завршени. Некаде веќе и започнати се зафатите, така што тоа што беше во програмата за оваа година ќе се исполни, затоа што во најголем дел како што кажав веќе се потпишани договрите, некаде веќе и се работи, изјави Греувски.
Оваа година се гради објект за потребите на ОУ Вера Јоциќ во Хиподром, општина Гази Баба, нов објект на ОУ Димитар Македонски, во општина Аеродром и доградба на ОУ Кирил и Методиј во село Фалише, општина Тетово. Четвртиот објект е планиран да се изгради во населеното место Визбегово.Нови училишта се изградија во голем број во Македонија, досега 74 нови училишта од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 ја презема Владата. Значи изгр