За насилството во Парламентот, не се виновни граѓаните кои си ја бранеа државата, туку оние кои го прекршија Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието и ги предизвикаа и испровоцираа граѓаните, смета Владиката Преспанско-пелагониски, Петар, кој во емисијата „Гласот на народот“ на Слободан Томиќ, зборуваше за политчката криза во Македонија и поттикнувањето на насилство од страна на одредени структури.– Во нашиот случај не се работи за предавство, тука се работи за велепредавство. Предавство е кога некој некого ќе предаде, но кога некој врши предавство на татковината на државвата, тоа е велепредавство, тоа е најголемо предавство што може да биде – изјави владиката на прашањето дали одредени политичари извршиле предавство.
Коментирајќи ги настаните од четвртокот во Собранието, Владиката рече дека не е секогаш насилството, кога некој физички некого ќе нападне, туку и кога некој ќе го предизвика некого овој физички да го нападне него или нешто друго да направи, тоа е еден вид подбуцнување.
– Имавме ние сериозни поттикнувања на луѓето за да дојде до она што дојде и во Парламентот. Вие се сеќавате мошне добро кога еден од новинарите не сакам името да му го споменувам, рече дека треба да се убијат сите патриоти почнувајќи од претседетелот на државата, тој ништо не одговара во оваа општество. Во едно разумно општество, каде што има ред и поредок и каде функционира судството и правосудството, тој требаше веднаш да биде уапсен. Да повикаш на убиство и да не одговараш за тоа ништо тоа е страшна работа! – смета владиката.
Каков пример даваме ние на децата, на младите, на идните генерации, кога исто со слични такви провокации се произнесоа и други некој професори, се запрашува Влдиката.
– Кога еден универзитетски професор го нарече овој народ кој го изразува својот револт затоа што државата му е во прашање и ќе го загуби името на државата и белезите вие имате еден еден професор универззитетски кој го нарекува измет или пак друг професор кој тепа момче, претходно жени тепаше и го тепа момчето и му пцуе мајка вмровска и тој нема одговорност, тоа потикнува наслиство. Мислам дека поголема вина, ако не поголема барем иста вина имаат оние што ги предизвикале луѓето да влезат во Парламентот и да го нарпават тоа. А тука предизвикувачите се оние кои што извршија насилство врз државните закони, врз Уставот, врз Деловникот за работа на Собранието итн. И вие штом вршите насилство очекувајте дека ќе има возврат на тоа – заклучува тој.
Владиката спомнува и еден друг професор, кој ги поучувал пратениците да го земат претседателот на парламетот за уши и да го исфрлет од таму, тој потенцира дека тие треба да бидат уапсени, бидејки тие ги потикнале на насилството.
– Во нашиот случај не се работи за предавство, тука се работи за велепредавство. Предавство е кога некој некого ќе предаде, но кога некој врш