четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска се слават светците кои го посеаја семето на евангелската проповед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 април. Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар.
Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија. Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед. Заради тоа два пати биле затворани, дури и мачени, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира. Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост.Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле

Поврзани вести