Прилепската полиција поднесе кривична пријава против И.Т. (38) од Прилеп за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.На 19 април околу 03.15 часот, пред ноќен клуб во Прилеп, пријавениот нападнал двајца полициски службеници кои биле на службена должност во својство на група за интервенција.
Во моментот кога пријавениот физички сакал да нападне девојка, која била пејачка во клубот, едниот полициски службеник му наредил на пријавениот да престане, но истиот во алкохолизирана состојба го фатил за облеката и се обидел да замавне, но бил спречен во намерата, по што повторно го турнал наназад од што полицискиот службеник паднал и се повредил во пределот на десната потколеница и лицето.
Во моментот кога другиот полициски службеник се обидувал да му ја врзе десната рака, пријавениот замавнал со нога и го удрил во задниот дел од главата.На 19 април околу 03.15 часот, пред ноќен клуб во Прилеп, пријавениот нападнал двајца полициски службеници кои биле на службена должност во својств