Денеска се навршуваат две години од случувањата во кумановската „Диво насеље“, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Тие минатата година посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Во престрелката, покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 терористи.
И додека граѓаните стравуваа за иднината на Македонија и нивните мисли беа со повредените бранители во болница, претседателот на СДСМ Зоран Заев и секретарот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски само еден ден по случувањата отидоа во Диво Насеље и правеа „селфи“ со помагачите на терористите.
Во екот на случувањата дел од опозициските медиуми со цел да ја контаминираат македонската јавност пишуваа перфидни лаги.
Пишуваа дека е повредено дете во акцијата на специјалците;
Тврдеа дека во престрелката се застрелани дете и мајка, што не е вистина;
Тврдеа дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а подоцна се виде дека најголемиот дел се со униформи на УЧК, и располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците;
Тврдеа дека има пукање во Арачиново, па потоа во одделна вест дека има и во Tетово, уште една лага со која порталите на Сорос и СДСМ внесоа немир и го нарушија спокојот на граѓаните;
Тврдеа и преземаа вести за време на акцијата дека има терористичка група во Зајас и дека таа паралелно ке започне акција;
Наводното контактирање на службеници од петтата управа со терористите е уште една измислица. Ако некој контактирал со терористите, зошто тогаш тие се предале во поголемиот дел?
Денеска навршуваат точно 2 години од кобниот 9-ти мај и антитерористичката акција на македонската полиција во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9-ти мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.
СЛАВА ИМ!Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Нена