Талат Џафери од ДУИ, кој од страна на СДСМ во четвртокот вечерта на нелегален начин беше избран за Претседател на Собранието, по скандалот со поставувањето на албанските знамиња во кабинетот на претседателот на Собранието, продолжува во обидите да го крши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието. Имено, тој планира со седниците во Собранието да претседава на албански јазик, иако законот е изречито против и не ја дава таа можност. Со тоа, македонското Собрание ќе стане трето во регионот по албанското и косовското во кое седниците ќе се водат на албански јазик.Талат Џафери е дециден дека планира седницата на Собранието да ја води на албански јазик, иако тоа е противустравно, противзаконски и надвор од Деловникот за работа на Собранието.
Џафери во емисијата „24 Анализа“ најпрво тврдеше дека според законот од 2011 година тој може да претседава со седниците на албански јазик, но по читањето на законот од страна на новинарката, Џафери вели дека тој го чита законот растегливо. На крајот сепак се согласува дека ако треба и ќе направат законска измена, само за да може да ги води седниците на Собранието на албански јазик.
Лага е дека седниците можат да се водат на албански јазик, согласно измените во Законот за употреба на јазиците од 2011 година, јасно е дека не му се дава можност на претседателот на Собранието, со седниците да претседава на друг јазик освен на македонскиот. Тука законот е јасен и дециден и не дава можност за никакво растегливо толкување.
Доколку сепак Џафери се обиде да ги води седниците на албански јазик, тоа ќе значи кршење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и сето тоа ќе повлече соодветна правна одговорност за него. Што само ќе го внесе во низа кривични дела за кои мора да се сносат последици.
Oва би било едно во низата нелегални дејствија под режија на СДСМ, во политичко-правната криза во која ја втурнаа државата по декемвриските избори.
Основниот закон од 2008 година изречно го разграничува обраќањето на пратеник и водењето на седница.
Тоа е затоа што кога зборува во Собрание, пратеникот зборува во име на неговите гласачи и на нив им се обраќа (ова е концептот на Охридскиот Рамковен Договор и оттаму и произлегува). Кога претседава со седница, тоа го прави како носител на функција и во име на институцијата што ја претставува. Собранието е највисока институција на централно ниво и затоа со пленарната седница мора да се претседава на службениот јазик на цела територија.
Претседавањето со работните тела е дозволено затоа што како политички компромис изречно е влезено во законот од 2008, се однесува на другите пратеници, но е разграничено од водењето на пленарна седница која ја води претседателот на Собранието на Република Македонија. Тоа од 2011 година е само дополнување.
Што се однесува на другите функционери, пред се за министрите, за да можат кога предлагаат закон или во расправа по амандмани или на пратенички прашања и тие да го користат нивниот јазик. Пред 2011 не смееја, па така, кога пратеник од ДУИ ќе му се обрати на министер од ДУИ на албански, министерот мораше да одговори на македонски.Талат Џафери е дециден дека планира седницата на Собранието да ја води на албански јазик, иако тоа е противустравно, противзаконски и надвор од Дел