Македонија е дел од едно големо сценарио кое трае некаде околу три години кое според мене било подготвувано и многу порано. Во Македонија се прекршија многу правила. Не може да се занемари фактот дека комплетно оркестрирано целата меѓународна заедница, цел свет го призна Талат Џафери како легитимен претставник, а не легален бидејќи е избран спротивно на процедурата.Ова денеска го истакна универзитетскиот професор Александар Даштевски на панел дискусија организирана од страна на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Не верував дека толку ќе отиде далеку меѓународната заедница да ги прекрши сите меѓународни норми, меѓународното право, нашето домашно право и дека толку може една колевка на цивилизација како што е Европа, па и САД да ги прекршат сите закони и норми. Тие светски демократи прават едно флагрантно кршење на тие правила кои што сами би требало да ги почитуваат. Тоа ние го осетивме на нашата кожа, на кожата на сите Македонци, рече Даштевски.
Тој посочи дека веќе и самите тие кои што се криеја дека и „помагаат“ на Македонија се разоткрија, а тоа го докажува и истрагата која се води против Џес Бејли во Конгресот.
-Нема дилема дека Бејли направи такви сериозни прекршоци и такво мешање во внатрешните работи на една држава што е забрането по сите закони, него го гонат според Амандманот 1 од уставот на САД.
Даштевски посочи дека со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегален затоа што меѓу другото е прекршен и политичкиот систем, а без политички систем не може да функционира ниедна држава во светот.Ова денеска го истакна универзитетскиот професор Александар Даштевски на панел дискусија организирана од страна на граѓанската иницијатива „З