За својата неодговорност, непрофесионалност и нестручност, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу мора да одговара.Министерот за внатрешни работи морал и требал да знае за планот на партијата ДУИ од каде што и самиот доаѓа за намерата на пратениците на ДУИ да учествуваат во асиметричниот државен удар кој го направија во четвртокот заобиколувајќи ги сите деловнички, законски и уставни прописи.
До сознанијата до кои доаѓа редакцијата на Пулс24, Нухиу знаел дека тој ден ќе се случи такво сценарио и таа информација воопшто не ја споделил во оперативниот штаб на МВР и тоа го прави соучесник.
Ако Нухиу ја споделил таа информација дека неговата партија планира да учествува во такво сценарио, или дека СДСМ спрема такво сценарио тогаш МВР би превземала соодветни дополнителни мерки.
Да потсетиме дека МВР тој ден располагала со сили, адекватни на проценката и анализата на терен, на претходните 60 дена мирни протести, но и информацијата дека по состанокот и кординацијата на сите политички партии и барањето на СДСМ во Собранието, седницата да продолжи другиот ден во 11 часот.
Но, тоа не е идинствениот пропуст на Нухиу. Според нашите информации, министерот воопшто не доаѓал на состаноците на оперативниот штаб, освен критичниот ден и немал никаков увид и слика што МВР преземало во претходните 60 дена во над 30 градови каде што не беше регистриран ниту еден инцидент.Освен нередовноста и незаинтересираноста на министерот Нухиу тој овој период се занимавал со партиски кадровски решенија, па така неколку дена претходно поставил свои партиски кадри во градовите Битола и Прилеп односно почнал да ја спроведува т.н тиранска платформа поставувајќи Албанци за кадар во Битола и Прилеп.
Агим Нухиу во својата изјава беше само во една работа искрен, а тоа е дека не успеал МВР да го исчисти од партиското влијание, а тргнувајќи од него и од неговите партиски решенија за Битола и Прилеп, тој сам призна дека е на самиот врв на политизацијата во МВР бидејќи на самата прес конференција тој призна дека одговорноста односно оставката ќе му ја понуди на својот партиски лидер, Али Ахмети
До сознанијата до кои доаѓа редакцијата на Пулс24, Нухиу знаел дека тој ден ќе се случи такво сценарио и таа информација воопшто не



