Илиоски: На Заев и СДС никогаш не му биле важни земјоделците, па ни сега

Да не му беше поважна Тиранската Платформа на Зоран Заев, локалните избори заедно со новите парламентарни, ќе се одржеа на 7-ми или најдоцна до 14-ти мај. На овој начин, граѓаните директно ќе кажеа што мислат за редефинирањето на државата и Тиранската Платформа, а Македонија ќе излезеше од кризата во која што СДС ја држи, истакна на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.На Заев и СДС никогаш не му биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа Тиранската Платформа како надеж дека ќе формираат влада и ќе се спасат од кривична одговорност, наместо да се одлучат за почитување на волјата на народот и деблокирање на државата со одржување на нови избори.
Земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард. За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра.
Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за да ја надмине деструктивноста на СДС и да се валоризира соодветно нивниот труд, односно да ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени во законски предвидениот рок.
СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат на мала врата да ја протуркаат Тиранската Платформа. Затоа со недели ја релативизираат, а преку своите партиски експерти и медиуми го навредуваат народот и ја потценуваат неговата интелегенција.
Народот јасно ја виде намерата на СДС да се добере до власт по секоја цена, по цена на распродажба на државните и националните интереси, по цена на коалиција со ликови кои не признаваат знаме, химна и име на државата, по цена да ги премолчуваат негаторските изјави упатени кон сопствениот народ.
Сега кога народот ја виде намерата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, овој се обидува на секој начин да избега од соочување. Заев одбива упорно било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. Кризата која аболицираниот криминалец Зоран Заев ја направи за сопствен спас, сака да ја искористи за да ги турка државата и народот  во дополнително неизвесен период.
Нема да може да избега од соочување со народот, исто како што нема да избега од одговорноста за криминалите во кои тој и неговите пајташи од раководството на СДС се до гуша заглавени.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди!На Заев и СДС никогаш не му биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа Тиранската Платформа како надеж

Пронајдете не на следниве мрежи: