По дводневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Како и изминатите продолженија на конститутивната седница, така и денеска дебата продолжи со реплики и контрареплики. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека дебата е повеќе од потребна, иако, како што посочија, ги обвинуваат дека ја опструираат работата на Собранието.
Според Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, лидерите на политичките партии треба да седнат на заедничка маса и да најдат компромис за суштинските прашања.
Тој упати апел за разум и за лидерска средба на која сите лидери ќе седнат на маса и ќе одлучат за доброто на Република Македонија и на граѓаните.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.Како и изминатите продолженија на конститутивната седница, така и денеска дебата продолжи со реплики и контрареплики. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ист