Пратенците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остварија средба во Собрание со родителите на децата со посебни потреби

Во текот на денешниот ден во Собранието на Република Македонија, се оствари договорениот состанок помеѓу родителите на децата со посебни потреби, претставници од граѓански здруженија за заштита на  лицата со посебни потреби и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.На состанокот присуствуваа пратениците, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Трајчо Димков, Даниела Рангелова и Чедомир Саздовски.
Покрај пратениците, беше присутен и министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими, претставници од Владата на Република Македонија, претставници од Министерство за здравство, претставници од Министерството за образование и наука и претставник од ФЗО.
На состанокот родителите на децата со посебни потреби ги претставија и образложија нивните барања, со кои би се решиле проблемите со кои се соочуваат.
Од страна на ресорните институции беа понудени можни решенија и идни чекори кои ќе бидат превземни во насока на решавање на истите.
На состанокот од страна на сите присутни беше констатирано дека само со заеднички заложби и соработка помеѓу родителите и институциите, како и со непосредна и постојана комуникација можат да бидат решенипроблемите со кои се соочуваат.
Пратеникот Димков на состанокот истакна дека и досега имал голем број на средби со оваа категорија на граѓани и дека досега се донесени голем број на законски измени и проекти за подобрување на правата наоваа категорија граѓани, но дека истите треба постојано да се подобруваат и надоградуваат со цел да им се излезе во пресрет и да им се олесни и подобри животот.
Пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ќе се заложат барањата на родителите да бидат решни од страна на надлежните институции.На состанокот присуствуваа пратениците, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Трајчо Димков, Даниела Рангелова и Чедомир Саздовски.
Покр

Пронајдете не на следниве мрежи: