Ви честитам на истрајноста, на бескрајната енергија и на упорноста која вродува со плод. Денес 20-ти април, на истекот на третата недела од заседавањето на законодавниот дом повторно не беше избран претседател на Собранието кој не отфрлил Тиранската платформа. Уште една мала, но многу значајна победа, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Ќе дојдеме и до големата, конечната победа. Народот не си оди дома, црвено-жолтото море е тука да го чува законодавниот дом, да ја брани нашата изборна волја, да го брани Уставот, суверенитетот и унитарноста, нејзиниот мултиетнички карактер. 53 дена сме на улиците за да не дозволиме некој од надвор да ни ја растури државата, да ни подметне платформа која ќе заврши со федерализација со поделба на оваа држава која ја сакаме од срце. И вчера на дожд и денес на овој ветер кој ги развева нашите знамиња, посочи Илиевски.
Тој им порача на пратениците да го слушнат народот, граѓаните кои ги ставиле во Собранието и кои, како што рече, ќе ги извадат оттаму ако треба.-Ќе дојдеме и до големата, конечната победа. Народот не си оди дома, црвено-жолтото море е тука да го чува законодавниот дом, да ја брани нашата из