Со многу енергија, без умор и искрена желба за заедничка Македонија, граѓанската иницијатива продолжува со своите активности. Од „За заедничка Македонија“ се децидни, не отстапуваат и своите барања и ќе продолжат секојдневно да бидат на улиците ширум Македонија се додека истите не се исполнат.За потсетување, граѓанската иницијатива има четири барања адресирани по политичките партии и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Од иницијативата бараат сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави. Бараат политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Во третото, бараат од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија, велат од иницијативата. Последното нивно барање е упатено до претседателот Иванов. Граѓаните бараат тој да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што, како што сметаат од иницијативата, давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.
Граѓаните и јавните личности кои и даваат поддршка на оваа граѓанска иницијатива се јасни и децидни во пораките кои ги испраќаат. НЕ за Тиранската платформа, НЕ за воведување на двојазичност, НЕ за промена на националните обележја, НЕ за избор на претседател на Собранието кој нема јавно да ја отфрли и осуди Тиранската платформа.
За ова говореше и поранешниот претседател на Собранието Саво Климовски, поддржувајќи ја иницијативата „За заедничка Македонија“.
-Ние сме општество на мултинационален заеднички живот не само на Македонците и Албанците, кои пак сакаат да се наметнат како конститутивен народ, туку и на Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и на сите други. Сега удрија по Уставот, удрија со такво кукавичко јајце кое што е класично измама и мора да расчистиме со тие велепредавници кои сето ова ни го подметнаа и кои сакаат да земат и држава и име и јазикот и знамето и сите обележја. Мислам дека тоа нема да помине и затоа јас сум охрабрен и дојдов тука да го видам овој бескраен ред на луѓе кои толку цивилизирано излегуваат и протестираат. Тоа е таква лекција по демократија што Европа не ја видела, потенцираше Климовски во својот говор.
И поранешниот претседател на Собранието, Љубиша Георгиевски, им порача на граѓаните дека некој сака да наведе на војна, но дека во тоа нема да успее. Тој побара од граѓаните и да се направи петиција со која ќе се побара од ЕУ да се огради од тиранската платформа.
-Ве молам да имате трпение и затоа сакам да ви ставам нешто сега на душа, сакам нешто конкретно на душа, дали сте за тоа да се состави една петиција до ЕУ, во која ќе ги кажеме нашите барање, затоа што овде не не слушаат, една петиција од 150-200 илјади луѓе ќе направи разлика. Овие што си ја сликаат платформата се влезени во историјата на безчестијето, но ние ако направиме петиција во која ќе побараме од ЕУ да се огради од тиранската платформа , сакале тие или не сакале мора да не евидентираат, така ние ако не влеземе во ЕУ, ќе влеземе во европската историја, смета Георгиевски.
За време на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје, огромен број граѓани излегоа на улиците велејќи НЕ на Тиранската платформа и на притисоците од ЕУ. Иако одби да се сретне со претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, голем број граѓани беа собрание пред канцеларијата на ЕУ во Скопје за еврокомесарот да може да ги слушне нивните пораки за зачувување на Македонија. попладнето над 80.000 граѓани излегоа на улиците на Скопје, а повеќе од 250.000 илјади низ целата држава повторувајќи ги нивните барања и пораки.
Веста за протестите силно одекна и во светските медиуми, како и во медиумите од регионот кои со голем интерес известуваа за масовните протести.За потсетување, граѓанската иницијатива има четири барања адресирани по политичките партии и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. О