СДС и на Велика Сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и манипулира сопствениот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава.
СДС е партијата која премолчено ја прифати Тиранската платформа со која се разнебитува државата.
СДС е пертијата која активно работи на реализација на Тиранската платформа.
СДС е партијата која е подготвена по секоја цена да се добере до власт, па дури и да реализира насилно сценарио за погазување на волјата на граѓаните, јасно изразена на избори.
Оваа партија е заложник на своето криминогено раководство кое за да избегне соочување со правдата покажа дека е подготвено да гази на се, на својот народ, на националните и државните интереси, на темелите на државата.
Правдата за криминалите ќе ги стигне ликовите од раководтсвото на СДС.
Народниот суд на следните избори јасно и недвосмислено ќе ја казни антидржавната и деструктивна политика на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди!Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава.